Протести во Франција: Милиони луѓе излегоа на улица против пензиската реформа на Макрон

Во цела Франција 1.2 милиони луѓе се собраа на протестите организирани поради несогласување со плановите на државата за реформа на пензискиот систем, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

Министерството додаде дека на демонстрациите во Париз учествувале 87.000 луѓе, пренесе „Ројтерс“.

Ова е прва јавна демонстрација против пензиската реформа на 19 јануари.

Реформата предвидува поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, а штрајкот веќе влијае на производството на струја, јавниот превоз и наставата во училиштата.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Не за реформите“ и „Нема да се откажеме“. Многумина рекоа дека ќе продолжат да излегуваат на улица колку што е потребно.