На денешната седница на Советот на јавните обвинители не беше избран шеф на Вишото скопско јавно обвинителство со образложение дека на членовите им било потребно дополнително време за да ги разгледаат оценките и досијеата на пријавените кандидати.
Во трката за шеф на ова обвинителство се актуелниот обвинител на вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи како и обвинителите Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми.
И двајцата беа дел од поранешното специјално јавно обвинителство (СЈО), а потоа беа избрани за виши обвинители.
Седницата за избор се одложи за следниот понеделник.
На истата седница се одложи и изборот на шефовите на повеќе обвинителства и тоа на Вишото јавно обвинителство Гостивар, како и шефови на обвинителствата во Велес, Битола, Гостивар, Кавадарци и Куманово.
На денешната седница единствено беше донесена одлука за именување на новоизбраниот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази. Тој ја доби целокупната поддршка од членовите на Советот.