
Промоција на романот „Јета“ од Ивана Трајаноска
Во бистрото Комедија денеска ќе се одржи промоција на романот „Јета“ од Ивана Трајаноска. Романот низ разговор со авторката ќе го промовира Олгица Крстеска.
Во бистрото Комедија денеска ќе се одржи промоција на романот „Јета“ од Ивана Трајаноска. Романот низ разговор со авторката ќе го промовира Олгица Крстеска.
Романот ја преиспитува идејата за „другиот“ не само како политички конструкт, туку и како интимна реалност во семејствата и заедниците. „Јета“ испитува како стереотипите и предрасудите произлегуваат од стравот и незнаењето и како помирувањето, и лично и колективно, бара разбирање, емпатија и имагинација. Иако вкоренет во македонскиот контекст, романот отвора универзални прашања за различноста, соживотот, ксенофобијата и човечкото достоинство.
„Јета“ е објавен кон средината на април во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или. Дизајнот на корицата е на Соња Станковска.