
Призма- Филков: Владата дрско ги крие трошоците за прославата на независноста
Владата на ВМРО-ДПМНЕ, која ја води државата две години, тврди дека транспарентноста е темел на нејзиното одговорно владеење. Но, наспроти ваквите декларативни заложби, информации за трошењето на буџетските пари остануваат тајни.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ, која ја води државата две години, тврди дека транспарентноста е темел на нејзиното одговорно владеење. Но, наспроти ваквите декларативни заложби, информации за трошењето на буџетските пари остануваат тајни.
Последен пример е одбивањето да се одговори како е избрана фирмата и концептот за прославата на 35 години од независноста, ниту пак колку пари ќе се потрошат за тоа.
Во истиов период, додека се најавуваат настаните за прославата, со нецелосно јасни одговори од премиерот Христијан Мицкоски помина и недоаѓањето на работа на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи кој неделава си поднесе оставка од позицијата.
За овие прашања разговаравме со Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации, водечка анти-корупциска организација која со години ја следи транспарентноста и отчетноста на државните институции. Филков вели дека функцијата што ја извршуваше Фетаи е сериозна и дека така требаше да му се пристапи на проблемот. Односот на Владата, пак, во случајот со организирање на прославата за независноста го нарекува непримерен, па дури и дрзок.
БИРН: Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи чија позиција покриваше транспарентност и отчетност не доаѓаше на работа, а дури неделава поднесе оставка. Премиерот Мицкоски избегнуваше да даде одговор за ангажманот на Фетаи и дали тој добива плата иако не оди на работа. Што сето ова зборува за односот на владата кон борбата против корупцијата?
Филков: Не навлегувајќи во причините за оставката на Фетаи, сметам дека Владата некако неспретно го „тераше“ овој случај, од аспект на транспарентност, отчетност и одговорност.
Функцијата заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење е сериозна и така требаше да му се пристапи на проблемот. Оваа позиција има кабинет со вработени и програма за работа со конкретни цели за остварување. А главната цел се политиките и координацијата на доброто владеење на ниво на влада и на сите институции кои работат под владата. Односно, борба со најголемиот проблем што го има оваа земја, а тоа е корупцијата.
Оттука, не смееше да се дозволи застој во тие активности. Има примери во светот кога одреден ресор или надлежност, од која и да е причина, не функционира или не се спроведува, лично премиерот да ја земе таа надлежност под себе и тој да ја спроведува, секако во одреден преоден период додека работите се доведат повторно во нормала.
Исто така, бидејќи стануваше збор за министерска функција без ресор, односно без конкретно министерство и луѓето од кабинетот можеа да продолжат со спроведување на програмата, без оглед на случувањата во врвот. Тие се вработени во Владата, односно во Генералниот секретаријат, таму има прв човек, така што и тој дел можеше да тече без оглед на проблемите.
Ова е сепак „најистурената“ владина позиција за борба против корупцијата и ако борбата со корупцијата е приоритет, можеше да се најде начин за надминување на подолгиот застој. Наместо тоа, се чини како сиот фокус на Владата да беше ставен на кадровските превирања наместо на суштината- а тоа e борбата против корупцијата.
БИРН: Владата најавува „спектакуларни“ настани и настапи на светски ѕвезди за одбележувањето на 35-години од независноста, но одбива да одговори на прашањата како е избрана продукцијата што ќе ги организира настаните ниту пак колку буџетски пари сето ова ќе чини. Колку ваквото однесување е опасно и може да прерасне во пракса?
Автор: Фросина Димеска
Целото интервју ТУКА