
Судот во Украина осуди двајца руски војници на по 11,5 години затвор поради гранатирања на украинскиот град Дергачи, на истокот на Украина.
Александар Бобикин и Александар Иванов минатата недела се изјаснија за виновни. Обвинителите посочија дека гранатирањето уништило образовна установа во градот, но, немало човечки жртви.
Двајцата војници биле заробени откако ја преминале границата и продолжиле со гранатирање.
Ова е втора пресуда за воени злосторства. Во првата 21-годишен руски војник доби казна доживотен затвор поради убивање невооружен цивил.