Георги Прванов – екс-претседателот на Бугарија смета дека е важно да се врати пријателскиот дијалог со Скопје. Тој во интервју за „БНТ“ рече дека „темата за заедничката историја со Македонија тивко и молкум беше исфрлена заклучокот на документот усвоен од бугарскиот Консултативниот совет за национална безбедност“. Прванов вели дека во усвоените точки во документот недостигаат конкретни чекори.
„Тапкаме во место, се вртиме во круг, и она што е најфрапантно е тоа што тивко ја снема темата за заедничката историја“ – рече Прванов.
Прванов смета дека „ова прашање треба да се дефинира во позициите на Советот и јасно да стои дека заедничката историја со Македонија е од средниот век, за време на ренесансата, до почетокот на 20 век и дека таа се состои од бугарска национална свест. Луѓето во Македонија се чувствуваат поинаку“.
Поранешниот претседател не ја потценува идејата на Радев дека треба да се бранат правата на Бугарите во Македонија, но смета дека во овој случај главна тема за Бугарија треба да биде историјата
„Сакам да им помогнам на Скопје и на Република Северна Македонија, не затоа што Брисел или кој било друг ни врши притисок, туку затоа што ние сме најблиските народи овде на Балканот. Ако ние, браќата, не си помогнеме, кој друг може да ни помогне. Треба да кажеме ‘Доста е!’, да размислиме и да видиме како ќе излеземе од оваа ситуација“ – вели Прванов.