
Почина 14-месечно девојче, 8 часа го оставиле во автомобил
Четиринаесетмесечно девојче почина откако нејзината баба (54) осум часа ја оставила без надзор во врел автомобил во Њујорк, пишува ABC.
Бабата заборавила да го остави детето во дневен престој во Смиттаун, Лонг Ајленд, па си отишла на работа. Таа го оставила девојчето на седиштето во автомобилот, соопшти полицијата на округот Сафолк.
Осум часа подоцна, бабата отишла да го земе девојчето од градинка, но набрзо сфатила дека го оставила во автомобилот, соопшти полицијата.
Девојчето било пренесено во болница, каде била констатирана смрт. Истрагата е во тек, а засега не е поднесена кривична пријава.
Во САД, околу 40 деца годишно умираат од топлотен удар откако ќе бидат оставени во автомобил, според американското Министерство за транспорт.
Повеќето случаи се случуваат кога родителот или старателот забораваат дека детето е во возилото.