Почина првиот Шпанец кој ја освои „Златната топка“
Шпанскиот фудбал има големи легенди кои оставија посебен белег во оваа игра, но еден од најголемите е Луис Суарез Мирамонтес, единствениот играч роден во Шпанија кој некогаш ја освоил „Златната топка“, пренесе Дерби.
За жал, човекот кој го освоил најпрестижното индивидуално признание во 1960-та година рано утрово го испуштил последниот здив на 88-годишна возраст и ја зави во црно шпанската јавност.
Луис Суарез починал по кратко боледување и оваа вест прво со големо жалење ја објави Интер, но потоа и сите угледни шпански медиуми кои експресно почнаа да оддаваат почит на големата легенда.
Мирамоментес беше сакан во цела Шпанија поради наследството кое го остави како играч и како селектор на националниот тим од 1988-ма до 1991-ва година, но неизмерно беше почитуван и во Италија каде ја градеше кариерата во Интер.
Некогашниот играч за врска роден во Ла Коруња кариерата ја почнал во Депортиво, после шест години минал во Барселона каде ја освојува и „Златната топка“, по што кариерата ја завршува во Италија (Интер и Сампдорија).