Потонат брод-болница од Втората светска војна кај Валона стана рај за богат биодиверзитет

Брод-болница од Втората светска војна, потонат во 1941 година покрај заливот во Валона,  Албанија, децении подоцна е трансформиран во богат подводен екосистем, објави британскиот медиум „BBC Wildlife“, пренесува АТА.

Истражувачите откриле 151 вид што живее во и околу неговите урнатини, вклучувајќи ја и медитеранската фока-каурк, еден од најретките и најзагрозените цицачи во Медитеранот.

-Откривањето на овој вид ја докажува еколошката важност на овој подводен екосистем, кој стана рај за богат биодиверзитет. Присуството на медитеранската фока-каурк дополнително ја зголемува вредноста на ова живеалиште и ја нагласува потребата од негова заштита,  наведува АТА.

Потонатиот болничкиот брод од Втората светска војна, наречен „По“, пред 85 години,  долг 135 метри, е трансформиран во вештачки подводен гребен, дом на разни видови риби, лигњи и медитеранска фока-каурк, еден од најретките цицачи во Медитеранот и критично загрозен вид.

Бродот, потонал на околу 1,6 километри од брегот и 35 метри под површината на водата, каде што останал во голема мера недопрен до 2005 година, кога бил пронајден од нуркачи. Денеска, неговите ‘рѓосани остатоци се трансформирани во вештачки подводен гребен, преполн со разни форми на морски живот, од сунѓери и асцидијани до лавови риби, лигњи и едни од најретките цицачи во Медитеранот.

Италијанските истражувачи сакале да утврдат како трупот на бродот влијаел врз обликувањето на локалниот морски екосистем.

Поради оваа причина, во периодот 2022–2024 година, тие спроведоа 32 подводни нуркања и користеа сонарни истражувања со висока резолуција, како и тродимензионална фотографија, за да ги документираат бродоломите и нивната околина.

Наодите, објавени во научното списание „Frontiers in Ocean Sustainability“, открија огромна разновидност на морски свет, идентификувајќи вкупно 151 вид.

Повеќе од 80 проценти од површината на бродот е колонизирана со сунѓери, асцидијани (мали морски животни), школки, остриги и други безрбетници.

„Металните плочи обезбедуваат цврста површина каде што може да се развива морски свет, а воедно служат и како засолниште за поголеми животни“, изјавил Симоне Модуњо од Италијанскиот институт за истражување на животната средина, IRSSAT.

Во областа биле забележани десетици вообичаени медитерански видови риби, вклучувајќи орада,  кефал и бела риба.

“Купови јајца од лигњи беа пронајдени, прикачени на неговата структура, што е доказ дека бродот се користел како област за размножување и раст на млади морски организми. Беа забележани и лавовски рипки, со нивниот препознатлив изглед. Овој вид обично се наоѓа во Црвеното Море, но се шири кон север преку Медитеранот, стои во написот.

Се додава дека ова укажува дека бродоломските несреќи можат да помогнат во ова ширење, служејќи како еден вид „премин“ помеѓу различни морски области. Во областа беа забележани и морски цицачи а пред неколку години, во оваа област била фотографирана медитеранска фока.

Бродот „По“ се наоѓа во рамките на морскиот парк Карабурун-Сазан, заштитено морско подрачје.

Модуњо, кој создава тродимензионален модел на олупината што може да се истражува преку виртуелна реалност, се надева дека поширокиот проект ќе помогне во зајакнувањето на мерките за зачувување на биолошката разновидност, ќе ја промовира историјата на бродот и ќе го направи достапен за поширок круг луѓе.

„Овие проекти се од суштинско значење за промоција на туризмот и овозможување на луѓето да уживаат во подводната природа“, изјавил тој.