
Пожар на Халкидики: Во гаснењето учествуваат и авиони, има и итно предупредување до граѓаните
Во сабота попладне избувна пожар во Неа Каликратија на Халкидики, при што огнот зафати ниска вегетација.
Во сабота попладне избувна пожар во Неа Каликратија на Халкидики, при што огнот зафати ниска вегетација.
На терен се ангажирани околу 30 пожарникари со 10 возила, еден пешадиски тим и група доброволци. Во гаснењето на огнената стихија учествува и воздушна поддршка со три авиони и еден хеликоптер. Дополнителна помош обезбедуваат цистерни со вода и градежни машини од Централна Македонија.
До жителите на подрачјето е испратена порака преку системот за итни случаи 112, со која се повикуваат на внимателност и подготвеност. Според последните информации, засега не се загрозени станбени објекти и инфраструктурата.
Оперативниот центар (ESKEDIK) континуирано ја следи состојбата на терен преку дронови опремени со оптички и термални камери, што овозможува прецизен увид во движењето на огнот.
Специјален истражен тим од Солун, задолжен за спречување подметнувања пожари, веќе е на лице место за да се утврди точната причина за избувнувањето на пожарот.