Повторно протест поради кравите во Крива Паланка – демонстрантите се туркаа со полицијата

Денеска во Крива Паланка се одржа протест поради проблемот со кравите кои неконтролирано се движат низ градот и околината, предизвикувајќи револт кај дел од жителите. Протестот бил проследен со турканица меѓу неколку граѓани и полициските службеници кои го обезбедувале просторот. Засега не е познато што ја предизвикало турканицата.

На протестот присуствуваа градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, како и пратеникот од Левица, Борислав Крмов. Крмов бил зад полицискиот кордон, заедно со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ.

Протестот го најави градоначалникот Митовски, кој вчера на социјалните мрежи објави фотографија од подготовките и порача дека нема да ги остави граѓаните сами во барањето решение за проблемот.

Причина за револтот е долгогодишниот проблем со повеќе од илјада крави кои слободно се движат низ Крива Паланка. Жителите се жалат на уништени земјоделски посеви, оштетен имот и загриженост за безбедноста, додека бараат надлежните институции да преземат мерки.

Од Левица обвинија дека институциите не постапуваат и покрај тоа што, како што наведуваат, за добитокот постојат решенија за одземање уште од 2024 година. Според партијата, граѓаните се принудени да протестираат бидејќи досега не било најдено решение за проблемот.