Повеќе од 240 вина од Србија, Македонија и Албанија на саемот „Винитали“ во Верона

Повеќе од 240 вина од Србија, Македонија и Албанија беа претставени на штандот „Wine vision by Open Balkan“ на годинешниот саем „Винитали“ во Верона, соопшти денеска Српската стопанска комора.

Марко Обрадовиќ, директор на Секторот за маркетинг и едукација на ПКС изјави дека се застапени и локални производители на ракија и гастрономски специјалитети, како и дека ќе биде претставена манифестацијата „Food vision by Open Balkan“ и кулинарски специјалитети.

„Нашата цел е да ги претставиме нашите вина како и саемот „Wine vision by Open Balkan“ кој ќе се одржи во ноември годинава во Белград. Околу 1.200 големи купувачи денеска се во Верона и бараат, пред се, италијански вина, но нашата цел е да ги наметнеме и презентираме нашите вина“, рече Обрадовиќ.

Според него, винската индустрија на Србија и Отворен Балкан продолжува со континуирани настапи на светските саеми.

„По учеството во Дизелдорф, по втор пат сме овде на престижниот саем на италијанско вино во Верона, а по овој саем планираме да се појавиме на саемите за вино во Лондон и Шенжен, а на крајот на годината во Шангај – додаде Обрадовиќ.

ПКС, со поддршка на Генералниот секретаријат на Владата на Србија, Агенцијата за развој на Србија, Здружението на винари и лозари на Србија и Здружението на производители на ракија на Србија, го организираа штандот „Вино визија од отворен Балкан“ на Саемот „Винитали“ во Верона, каде од 13 до 17 април ги претставуваат водечките вина од Србија, Македонија и Албанија.