
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ оцени дека претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ со своите изјави го „поткопува кредибилитетот на надворешната политика на Хрватска“.
Тој се осврна на изјавата на Милановиќ дека „Крим повеќе нема да биде дел од Украина“, поради што вчера реагираше портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко, кој на Фејсбук напиша дека хрватскиот претседател „го доведува во прашање територијалниот интегритет на Украина“. .
Сметаме дека тоа е неприфатливо“, рече портпаролот, пренесуваат хрватските медиуми.
Во изјавата за новинарите во Загреб, Пленковиќ рече дека „Украинците реагираат онака како што треба да реагираат“.
„Тие реагираат на тој што ни го урива надворешнополитичкиот кредибилитет во меѓународната заедница, а тоа е Милановиќ кој изговара погрешни реченици“, рече Пленковиќ.
Тој додаде дека Хрватска има одлични односи со Украина, а Милановиќ „изговара погрешни ставови и судови“.
„Многу лошо, од лошо на полошо. Но, за среќа, луѓето знаат кој е“, рече Пленковиќ за Милановиќ, спомнувајќи го во тој контекст коментарот на Милановиќ за Косово и го оцени како „небулозен“.
Хрватскиот претседател Милановиќ завчера изјави дека „Крим никогаш повеќе нема да биде Украина“ и дека „Косово и е украдено на Србија“.