Платформата го напаѓа СДСМ и за Брвеница. СДСМ ги обвини дека се сателити на Мицкоски
СДСМ ретко имал некој поголем успех на локалните избори во Полог, а особено во општината Брвеница. Сегашниот резултат од првиот круг на изборите за градоначалник (кандидатот на СДСМ е четврти) за Платформата за промени во партијата беше дочекан како можност за нов силен напад врз раководството. Од СДСМ ѝ одговорија на Платфромата дека е сателит на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите останати се борат да победат само Филипче и фракцијата слават и кога губат. Четвртото место на СДСМ во Брвеница е директна одговорност на ова раководство на партијата“, се наведува во соопштението на Платформата.
Организаторите оценуваат дека раководството пропуштило можност за политички пресврт во предизборната кампања, особено поради скандалите со Ива Михаилова и Артан Груби.
Во соопштението се наведува дека кандидатот на СДСМ во Брвеница, Јовица Радески, бил доведен пред свршен чин. Според организаторите, неколку истакнати членови претходно одбиле да ја прифатат кандидатурата. И повторно се напаѓа Венко Филипче и се бара да поднесе оставка.
На ова остро реагираа од СДСМ и наведоа дека „тие што ја доведоа партијата до историски пораз во 2024 година. Тие што ја предадоа партијата на ВМРО. Тие што заедно со Максим Димитриевски и руската Левица бараат реформи во СДСМ. Тие што набавуваат хеликоптери, па ВМРО го става случајот во фиока. Тие што дозволија Артан Груби да игра фудбал по канцеларии. Тие што ја пишуваа програмата, што беа шефови на штабови по изборни единици, носители на листи на најголемиот пораз на СДСМ. Тие што потпишуваа петиција за ослободување на Орце Камчев. Тие што молчеа кога се носече Кривичниот закон за да се ослободат некои.
Истите тие денес ја обвинуваат СДСМ за резултатот во Брвеница – резултат што е поголем од нивниот и подобар од лани за 46 проценти.
Треба ли уште објаснувања за овој нов сателит на Мицкоски?“, одговара СДСМ.