Петмина мртви при масакр во Америка, меѓу застреланите има и три деца

Полицијата во Оклахома Сити отвори истрага откако пет лица, меѓу кои три деца, загинаа во, како што велат иследниците, четирикратно убиство-самоубиство во семејна куќа.

Пукањето се случило во средата доцна навечер, а полицијата соопшти дека по повик ги пронашла телата на 29-годишна жена и две, пет и деветгодишни деца, како и телото на 28. -годишен маж, на терасата од семејната куќа, за кој се претпоставува дека пукал и е задржан како осомничен за убиството, јавува порталот „Ју-Ес тудеј“.

Полицијата соопшти дека мажот и жената биле во брак, но разделени и дека тој ги убил жената и трите деца пред да се застрела.

-Истрагата е во рана фаза, детективите се обидуваат да го утврдат редоследот на настаните кои довеле до масакрот, се вели во соопштението на полицијата.