Дмитриј Песков – портпаролот на рускиот претседател Путин денеска изјави дека руската делегација е подготвена за продолжување на преговорите со украинската страна, но одби да прецизира на која локација ќе се одржи средбата.
„Нашата делегација ќе биде таму доцна попладне. Ќе ги чекаат украинските преговарачи. Нашата делегација ќе биде подготвена да го продолжи разговорот вечерва“ – рече Песков.
Официјален Кремљ со оваа изјава на Песков соопшти дека руските власти се подготвени за вториот круг од преговорите со Украина, но додава дека не е јасно дали на нив ќе се појават украински преговарачи.
„Гардијан“ пренесува дека, според Песков, тие располагаат со контрадикторни информации од украинска страна за продолжувањето на преговорите.
Украинскиот претседател Зеленски вчера децидно кажа, а утринава и повтори, дека Русија мора да престане да ги бомбардира украинските градови пред да продолжат преговорите.