Претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот, Ненси Пелоси за време на нејзината посета на Тајван ја потенцираше поддршката од САД за земјата . Таа и нејзината делегација допатувале во Тајван „за да биде апсолутно јасно дека нема да се откажеме од нашата посветеност кон Тајван“, рече Пелоси на средбата со тајванската претседателка Цаи Инг-вен во главниот град Тајпеј. „Посетата е и сигнал за тоа дека сме горди на нашето трајно пријателство“, истакна американската поллитичарка дополнувајќи дека САД секогаш ќе стојат на страната на Тајван.
Осврнувајќи се индирактно на заканите на комунистичкото раководство на Пекинг против Тајван, Пелоси рече: „Повеќе од кога било претходно, американската солидарност е клучна“. Тоа е пораката од посетата на делегацијата на Конгресот. Поддршката на САД за Тајван не познава партиски граници. „Денес светот се соочува со избор меѓу демократијата и автократијата“, рече Пелоси, пофалувајќи ја островската република како „едно од најслободните општества во светот“.
Цаи од своја страна нагласи дека Тајван нема да отстапи пред кинеските закани. Ситуацијата во Тајванскиот теснец има импликации за безбедноста во азиско-пацифичкиот регион. Во услови на „зголемени воени закани, Тајван нема да отстапи“, рече претседателката. Тајван ќе ја држи „линијата на одбрана на демократијата“, рече Цаи истакнувајќи дека е доверлив партнер на СоАД и ќе продолжи да ја промовира соработката во областа на безбедноста, економскиот развој и синџирите на снабдување.
Вашингтон ќе се соочи со сериозна одмазда поради посетата на претседателот на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, изјави во вторникот за ТАСС, Генералниот Директор на Одделот за контрола на оружјето на Кинеското Министерство за Надворешни Работи, Фу Конг.
„Ваквите акции на САД ќе доведат до сериозни негативни последици. Ќе бидат преземени сериозни мерки за одмазда против САД, изјави тој, додавајки дека ситуацијата е многу сериозна во однос на суверинитетот и територијалниот интегритет на Кина“
„Што се однесува до обединувањето на Тајван и Кина, нашата позиција сугерира дека правиме се што е можно за мирно обединување на земјата, иако не се откажуваме од воената опција‘‘ рече димпломатот. „Причината е тоа што ни треба доволна контрола на потенцијалните сепаратисти‘‘, истакна тој.
Кинескиот функционер рече дека не гледа ризици од употребата на нуклеарно оружје во сегашната ситуација.