
Париз не му дозволува влез на израелскиот министер Итамар Бен-Гвир
Франција одлучи да му забрани пристап на израелскиот министер за внатрешна безбедност Итамар Бен-Гвир до своја територија, соопшти францускиот министер за Европа и надворешни работи, Жан-Ноел Баро.
Франција одлучи да му забрани пристап на израелскиот министер за внатрешна безбедност Итамар Бен-Гвир до своја територија, соопшти францускиот министер за Европа и надворешни работи, Жан-Ноел Баро.
Баро истакна дека одлуката го одразува гневот поради односот на Бен-Гвир кон активистите од меѓународната хуманитарна флотила за Појасот Газа „Глобал Сумуд“.
„Сметано од денеска, Итамар Бен-Гвир нема право да стапне на француска територија“ напиша Баро на Х.
„Заедно со мојот италијански колега ја повикуваме ЕУ исто така да воведе санкции против Итамар Бен-Гвир“, додаде шефот на француската дипломатија.
Бен-Гвир стана мета на бран критики од меѓународната заедница откако објави видео во кое им се потсмева на приведените активисти од хуманитарната флотила за Газа. На видеото се гледа како во негово присуство израелски полицајци ги тераат активистите да застанат во редови и да клекнат на земја со врзани раце зад грбот. Министерот им вели: „Добредојдовте во Израел, ние сме господарите“.