На денешната редовна неделна беседа до верниците на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, папата Француск апелираше за прекин на борбите во Украина и повика на преговори.
„Помина повеќе од еден месец од почетокот на оваа сурова и бесмислена војна“ – рече папата.
Поглаварот на Римокатоличкат црква војната ја осуди како „варварски чин и свернавење“.
Рече дека родителите ги закопуваат своите деца, „моќните одлучуваат, а сиромашните умираат“.
Тој уште кажа и дека „војната ја уништува не само сегашноста, туку и иднината на општеството“.