Османи: Сојузот со САД е вечен!

Претседателката на Косово, Вјоса Османи се сретна во Њујорк со американскиот претседател Џо Бајден и рече дека сојузот на Косово и САД е вечен.

Османи на социјалната мрежа „Х“ објави фотографија од Њујорк, каде што се одржува 78. седница на Генералното собрание на Обединетите нации, каде се таа и Бајден, како и нејзиниот сопруг Приндон Садриу и првата дама на САД – Џил Бајден.

„Сојуз на слободата! Вечен сојуз! Косово и САД“, напиша Османи со фотографијата.