Бујар Османи – министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека декларацијата за Гоце Делчев поднесена во Собранието од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не враќа назад во процесот на преговори со Бугарија.
„Слична ваква иницијатива имаше ВМРО на Каракачанов во бугарското Собрание по однос на Свети Кирил и Методиј. Сакаа Парламентот да ги дефинира историските прашања. Е сега тоа што имаат исти имиња партиите, не мора да имаат и исти ставови. Ако влеземе во таков натпревар, ние денеска Гоце Делчев, утре бугарското Собрание уште посилен текст за Гоце Делчев, па ние потоа, ние влегуваме во маѓепсан круг на односи, не само со Бугарија, туку и генерално внатре во државата. Така што мислам дека не треба историјата да ја користиме како платформа за изградба на нашите политички кариери, за дневно политичките прашања и препукувања. Ова се прашања за коишто е многу важно надпартиско единство за да се и заштитат некои важни прашања за граѓаните и државата, но, пред се, тоа да не стане тема за дневно политичко препукување“ – рече Османи на Канал 5 ТВ.