Османи в петок на Комисијата за надворешна политика ќе реферира за „планот 5+1“

Бујар Османи, македонскиот министер за надворешни работи в петок на 28. јануари ќе присуствува на седница на собраниската Комисија за надворешна политика, информираа денеска од МНР.

Претходно, претседателот на споменатата Комисија, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Антонијо Милошоски преку писмо побара од шефот на дипломатијата да дојде на седница на собраниската Комисија и да ги достави одговорите кои што македонската страна ги има испратено до официјална Софија за таканаречениот „план 5+1“. Милошоски потенцраше дека Османи во декември го одбил нивното барање иако е негова законска обврска за отчет пред Парламентот.

„Ова го бараме затоа што сметаме дека не е транспарентно и не е демократски доколку пратениците во софиското Собрание знаат она што македонските пратеници не го знаат и македонската јавност има право преку претставниците во Законодавниот дом да дознае за што се работи. Дали има нешто да се крие или има нешто да се разговара со сите пратеници“ рече денеска Милошоски.