Опаѓа бројот на заразени и на смртни случаи од Ковид 19

Се намалува бројот на заразени и починати од Ковид-19 на сите континенти освен Океанија, а бројките не биле помали од декември минатата година.

Вкупно, 491.255.721 случаи се пријавени во светот, вклучително и 9.368.249 минатата недела, што е намалување за 15 проценти. А бројот на смртни случаи е 25.587, што е пад од 18 отсто на неделна основа.

„Не би рекол дека дишам полесно бидејќи овој вирус не измами толку многу пати во последните неколку години“ – изјави Ентони Фаучи, американски директор на Националниот институт за алергија и заразни болести.

„Верувам дека треба да очекуваме зголемување на бројот на случаи бидејќи имаме варијанта што е многу позаразна од омикрон и решивме да не спроведуваме некои методи за ублажување на рестриктивните мерки, како што е носењето маски во затворени простории“ – рече тој.

Варијантата Омикрон првпат се појави во Јужна Африка на 25 ноември.