Онишченко за „Слободен печат“: Целата процедура за државјанството ја спроведов легално

„Прво сакам да кажам дека пред Македонија, Германија ми ги даде сите документи и живеам во Германија. Во Македонија бев регистриран во куќа на кошаркар и го знам многу добро него. И државјанството го вадев две години. Многу време поминав во Скопје и целата процедура ја спроведов легално“, вели Онишченко, додавајќи дека со кошаркарот Игор Пенов, на чија адреса е регистриран дека живее, се запознал во хотелот на кошаракарот.

Украинскиот политичар Олександр Онишченко, кој е на списокот на санкционирани личности од САД, а кој во мај годинава добил македонско државјанство, во интервју за „Слободен печат“ вели дека целата процедура за издавање на државјанството ја спровел легално.

„Прво сакам да кажам дека пред Македонија, Германија ми ги даде сите документи и живеам во Германија. Во Македонија бев регистриран во куќа на кошаркар и го знам многу добро него. И државјанството го вадев две години. Многу време поминав во Скопје и целата процедура ја спроведов легално“, вели Онишченко, додавајќи дека со кошаркарот Игор Пенов, на чија адреса е регистриран дека живее, се запознал во хотелот на кошаракарот.

Тој во текот на интервјуто ја испратил својата германска „лична карта“ и рекол дека ако имал проблеми, Германија никогаш не би му дала документи. Документот за кој тој тврди дека е лична карта е изваден во јуни оваа година, но во моментов не може да се потврди дека презентираниот документ е автентична германска исправа за лична идентификација.

Прашан кое е неговото објаснување оти е на црната листа на САД и која е причината поради тоа, Онишченко вели дека до 2010 година имал американско државјанство, а потоа бил ставен на таа листа во 2021 година поради неговото пријателство со експретседателот Доналд Трамп и поради тоа што зборувал оти синот на Џо Бајден е корумпиран.

„Нема ниту еден судски случај против мене во светот. Ниту во Украина. Победив во сите судови. Луѓето и весниците си зборуваат. Нема ниеден доказ“, вели тој, и додава дека негативните објави во медиумите за него се поради неговите политички ставови, односно ставови против експретседателот на Украина Петро Порошенко и американскиот претседател Бајден.