Омилен филм на Британците е „Титаник“

Омилен филм меѓу гледачите во Велика Британија е добитникот на 11 „оскари“ од 1997 година – „Титаник“, покажува најновото истражување.

Филмот кој го режираше Џејмс Камерон, со Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет во главните улоги, е на првото место откако една четвртина Британци го прогласија за најдобар и најгледан филм, во анкета со 2.000 учесници.

По него следуваат „Гладијатор“ со Расел Кроу – на второто место, па „Говорот на кралот“, „Опатијата Даунтон”, „Храбро срце“ и „Бен-Хур“.