Олимпик Марсеј сака да го купи Столе Димитриевски

Според информациите што ги објавија француските медиуми, клубот од „Велодром“ покажува силен интерес за ангажман на македонскиот репрезентативец.

Македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски би можел ова лето да се пресели во францускиот гигант Олимпик Марсеј.

Според информациите што ги објавија француските медиуми, клубот од „Велодром“ покажува силен интерес за ангажман на македонскиот репрезентативец.

Во Марсеј веќе го гледаат Димитриевски како идеално решение за голманската позиција по најавеното заминување на аргентинскиот репрезентативец Џеронимо Рули, па се подготвени да вложат значителна сума за да го доведат во своите редови.

Сепак, одличните настапи на Димитриевски во вториот дел од сезоната сериозно ги променија плановите и на Валенсија. Македонскиот голман беше меѓу најзаслужните за добрите резултати на шпанскиот тим, поради што клубот веќе му понудил нов договор со важност до летото 2028 година.

И покрај тоа, интересот од Марсеј не стивнува, па се очекува летово да се води вистинска битка за потписот на македонскиот репрезентативец.