
Означен почетокот на кампањата „Мај – Месец на Европа“
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска го означи почетокот на кампањата „Мај – Месец на Европа“, на настан со амбасадори на европските земји, меѓународни партнери и претставници на домашните институции.
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска го означи почетокот на кампањата „Мај – Месец на Европа“, на настан со амбасадори на европските земји, меѓународни партнери и претставници на домашните институции.
Со оваа иницијатива, Владата а има за цел да оди подалеку од традиционалното одбележување на Денот на Европа на 9 мај и да го претвори целиот месец мај во заедничка платформа за промоција на процесот на европска интеграција и негово доближување до граѓаните.
Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека фокусот на кампањата е насочен кон пренасочување од техничките аспекти на преговорите кон конкретните придобивки од членството во Европската Унија, вклучувајќи повеќе можности за младите, развој на инфраструктурата и поддршка на локалната економија.

Одбележувањето на Денот на Европа започнува веќе на 4 мај со концерт на меѓународниот оркестар „Фејмс (Fames)“ во Јуроп Хаус – Битолa, лоциран во Офицерски дом во Битолa.
Во текот на месец мај, ќе се одржат настани во повеќе градови низ целата земја, вклучувајќи концерти во Битолa, филмски вечери во Кочани, велосипедска тура околу Охридското Езеро, ученички саем во Штип, размена на книги во Тетово, садење дрвја во Велес, сè до завршување со младински настан во Гевгелија на 23 мај.
Целосна програма:
- 04 мај 2026, Битола: КОНЦЕРТ НА ОРКЕСТАРОТ „ ФЕЈМС (FAMES)“ – Концерт „Филмски класици“ со меѓународен оркестар од млади уметници кои изведуваат филмска музика, како дел од проектот „Креативна Европа“.
- 07 мај 2026, Охрид: ТРКА НА СРЕДНОШКОЛЦИ – Локален младински совет Охрид. Хуманитарна ученичка трка за собирање средства за добротворна кауза, промовирање на солидарност и ангажман на младите преку спорт.
- 09 мај 2026, Скопјe: УЖИВАЈТЕ ВО ЕВРОПА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК – Градскиот парк трансформиран во европски јавен простор со еко-бизниси, локална бавно подготвена храна (Slow food), пазар на користени производи, игри на отворено организирани од земјите-членки на ЕУ и целодневна музика кај „Школка“.
- 09-10 мај 2026, Кочани: ОБОЈ ГО КОЧАНИ (КРЕИРАЊЕ НА МУРАЛ) – Локален младински совет Кочани. Активност за сликање на мурали со млади креативци во срцето на градот.
- 12 мај 2026, Велес: РАСТЕМЕ ЗАЕДНО – Волонтери, студенти, локални власти, граѓани и амбасадори садат дрвја заедно во подрачјето погодено од пожарот околу езерото Младост.
- 14 мај 2026, Битолa: УЖИВАЈТЕ ВО ЕВРОПА СО МУЗИКА – Концерт на отворено од бендот Фанк Шуи на платото на Јуроп Хаус во Битолa (Офицерски дом).
- 15-17 мај 2026, Кочани: КИНО НА ОТВОРЕНО – Локален младински совет Кочани. Серија проекции на филмови на отворено.
- 16 мај 2026, Струга/Охрид/Поградец: УЖИВАЈТЕ ВО ЕВРОПА ВО ДВИЖЕЊЕ – Прекугранична велосипедска тура околу Охридското Езеро со промоција на одржлива мобилност, ангажман на младите и прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
- 19 мај 2026, Тетово: УЖИВАЈТЕ ВО ЕВРОПА СО КНИГА – Саем на книгата со истакнати издавачки куќи, панел дискусии со познати автори, размена на книги, музика во живо и специјална детска програма.
- 21 мај 2026, Штип: ОТКРИЈТЕ МОЖНОСТИ – Младински настан со саем за студии/мобилност и музички концерт.
- 23 мај 2026, Гевгелија: МЛАДИНСКИ БРАН 2026 – Локален младински совет Гевгелија. Еднодневен мултисекторски младински настан со форуми за вештини, претприемничко експо, стартап лабораторија и креативни сценски изведби.