Од полноќ ново поскапување на горивата

Од полноќ горивата поскапуваат од половина до денар и половина, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката на РКЕ, бензинот еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, еуросупер БС-98 поскапува за еден денар, а цената на дизелот се зголемува за денар и половина.

Според тоа, литар еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе се продава по 81 денар, еуросупер БС-98 ќе чини 83,5 денари за литар, а литар дизел ќе чини 79,5 денари.

За половина денар од ноќеска на полноќ се намалува цената на екстра лесното масло за домаќинство кое од ќе се продава по цена од 76,5 денари за литар.