Одложен изборот на шефови на обвинителства

Советот на јавни обвинители го именуваше Ислам Абази за шеф на обивнителството за гонење организиран криминал, но не избра шефови за 7 основни и виши обивнителства.

Седницата ја одложија за следната недела откако го именуваа Ислам Абази за шеф на обивнителството за организиран криминал и го пофаија дека бил одличен менаџер во вишото обвинителство во Гостивар, но само неколку месеци претходно членовите на Советот имаале и забелешки и критики на адреса на обвинителството предводено од Абази.

 Доцнењето од час половина претседателот на Советот го оправда со тоа што членовите морале да ги разгледаат досиејата на кандидати а дел од податоците за оценките и интервјуата им стиганле доцна. Сепак избор немаше. Јолевски негираше дека се договарале зад затворени врати кого да изберат.

Интересна за јавноста битка се води за вишото скопско обвинителство каде освен актуелниот шеф Мустафа Хајрулахи, кандидати се и обивнтелите од поранешното СЈО Фатиме Фетаи и Бурим Русутеми.

Советот денеска ја поминаа само првата точка. Го именуваа и го испофалија новиот шеф на обивнителстовто за организиран криминал. Членовите не го криеа задоволството од тоа што Абази е избран и ги истакнуваа неговите менаџесрки и стручни спосовности за време на 4 годишниот мандат во гостиварското вишо обвнителство- ги расчистил старите нерешни предмети, имал добри разултати. Но само пред неколку месеци кога го разгледувале годишниот извештај членовите на советот имале и забелешки за работата на обвинителствата што се под капата на Вишото гостиварско. Критикувале дека немаат постпаки во кои бараат конфискација на имот, дека не се жалат пред врховен за одлуки кои не се во коруст на обивнителството дека се зголемув бројот на нерешени предмети во ситуација кога има помалку пријави но и забелешки за незавршени истраги. Јолевски вели подобро било од претходно

Јолевски смета дека е недопустливо, членови на советот да навредуваат претставници на граѓанскиот сектор,  но вели не можел да им  го ускрати право на збор. Ова следува откако невладините од Блупринт грпата реагираа дека на минатата седница двајца членови на советот упатиле навреди на адреса на граѓанмсиот сектор професори и други јавни личности кои го критикувале изборот за шеф на обивнителстовотo за организиран криминал. Овие невладини минатата недела објавија соопштение со кое критикуваа дека изборот на Абази поминал во нетранспарентна постапка.