Овие што се качуваат на возот ќе наликуваат на политички проститутки, рече пратеник на ВМРО-ДПМНЕ за Алијансата на Албанците

Пратеникот Игор Здравковски му возврати на Бастри Бајрами од движење Беса за Алијанса на Албанците рече дека не се ништо повеќе од политички проститутки. Здравковски го поздрави излегувањето од Владата на партиите кои тоа го направиле, а за коалицијата посочува дека не ја команда СДСМ, а ниту Димитар Ковачевски.

„Сметам дека направивте вистинска одлука со вашето излегување од Владата. Навремено ја сетивте играта и навремено видовте каде оди овој воз, па затоа се симнавте. Понатаму сите што се качуваа, гледам и овие сега што ќе се качат, имаат само една епизодна улога и ќе наликуваат на ништо повеќе од политички проститутки. Апсолутно нема ништо да добијат и направат, свесни се кој ја команда оваа коалиција на мнозинството“, кажа Здравковски.

Тој цитираше и песна од Ѓорѓе Балашевиќ, популарниот српски кантавтор чии песни се евергрин хитови на ексјугословенските простори.

„Сметам дека оваа колаиција која ја прават е една одлука, на една песна ме асоцира, а тоа е ‘Прича о Васи Ладачкој’, доколку ја знаете, од Балашевиќ, каде се вели дека тој ја продал душата на ѓавлот. Овие ѓаволи мислам дека не заслужуваат ниту еден ден повеќе да седат тука бидејќи Македонија секојдневно се иселува. Гледаме дека за едно полугодие 3.600 ученици се имаат иселено од државата, со нивните родители тие се 20.000 Македонци“, додаде Здравковски.