Обвинителите во Тетово почнаа со разгледување на извештајот за пожарот во модуларната во Тетово

Основното јавно обвинителство веќе го има на располагање преводот од извештајот од истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, направен од експертите и истражителите од полицијата од Германија. Оваа информација ја потврдија од Јавното Обвинителство.

Петте обвинители кои работат на предметот отворен поради пожарот во тетовската модуларна болница започнаа да го разгледуваат извештајот.

„Извештајот од германските експерти е преведен и доставен до Основното јавно обвинителство Тетово. Надлежните обвинители го разгледуваат, а наводите ќе бидат споредени со другите прибрани докази во предметот. Во предметот обвинителството постапува ажурно и темелно со цел во детали да се утврдат сите факти за несреќата. Во зависност од тоа што ќе биде утврдено, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошното постапување во предметот“ – информираат од Обвинителство.

Во пожарот во модуларната болница на 8 септември 2021 при што животите ги загубија 14 луѓе.