Ново задолжување заради заштита од криза

Државата зема заем од ММФ во износ од 530 милиони евра. Оваа кредитна линија за претпазливост и ликвидност е наменета за земји членки кои немаат потреба од финансирање, ама се соочуваат со ризици кои би можеле да доведат до таква потреба. 26 пратеници од ВМРО ДПМНЕ гласаа воздржано, но ја поддржаа потребата од овој закон со своето присуство во салата, кое обезбеди кворум.

Според власта, овој кредит им обезбедува ефективна заштита од криза на земјите кои имаат здрави економски политики. Инструментот постои од 2010-та.

Ќе се зема уште еден заем: 20 милиони евра од Светска банка и речиси 5 милиони грант од ЕУ за Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии. Двата закони ќе се носат во скратена постапка.