
Турската агенција Анадолија објави нови видеоснимки од земјотресот, кој го погоди турскиот регион Хатај.
На друга снимка пак се гледа како човек додека дава изјава за една телевизија, го прекинува интервјуто и панична бега, веднаш по силниот земјотрес.
.
Според Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), еден од земјотресите се случил околу 20.04 часот. по локално време (1704 GMT) во областа Дефне во Хатај, со јачина од 6,4 степени, додека другиот се случи три минути подоцна, со епицентар во провинцијата Самандаг во Хатај, со јачина од 5,8 степени.
Овој силен земјотрес следи по само две недели од катастрофалните земјотреси што го погодија југот на Турција, а кои беа со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала.
Најмалку 41.156 луѓе загинаа, а 105.505 се повредени во двата силни земјотреси што ја погодија јужна Турција на 6 февруари, соопштија властите во најновите податоци за природната катастрофа.
Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со центар во Кахраманмараш, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 11 области, вклучувајќи ги Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије, Шанлиурфа и Елаз.