Новиот директор на ФЗО: Продолжуваме со работа, со истата посветеност, со уште поголема одговорност

„Две години исполнети со многу работа, предизвици и резултати. Чувствувам искрена благодарност што имав можност да бидам дел од тимот кој работеше за вистински промени преку Министерството за локална самоуправа“ напиша на Фејсбук – Златко Перински, кој нема повеќе да го води Министерството за локална самоуправа и доаѓа на местото на Сашо Клековски, како нов директор на Фондот за здравство.

-Заедно со моите соработници покажавме дека државата може да биде вистински партнер на општините. Поддржавме 1.116 инфраструктурни проекти во вредност од 18,4 милијарди денари, воспоставивме Ресурсен центар за поддршка на општините, започнавме значајни законски реформи, работевме на финансиска стабилизација на општините и создадовме посилни механизми за рамномерен регионален развој. Истовремено, обезбедивме силна искористеност на европските фондови, со десетици проекти кои веќе се реализираат во корист на граѓаните.

Најголемата вредност од сето ова не се само бројките, туку поставените темели за посилни општини, подобри јавни услуги и поквалитетен живот за секој граѓанин.

Упатувам искрена благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за довербата, поддршката и можноста да бидам дел од реформскиот тим кој секојдневно работи за напредокот на Македонија.

Новата должност како директор на Фондот за здравствено осигурување ја прифаќам со истата енергија, одговорност и посветеност. Здравството е еден од најважните столбови на секое општество и мојата цел ќе биде Фондот да биде уште поефикасен, пофункционален и вистински сервис на осигурениците, здравствените работници и здравствените установи.

Продолжуваме со работа. Со истата посветеност, со уште поголема одговорност и со јасна цел – подобри институции и подобар живот за сите граѓани, напиша Перински на ФБ.