Николоски: Со оваа власт се рушат темелите на државата, Македонија по корупција е на исто ниво со Колумбија и Етиопија

„Предвремените парламентарни избори се потреба повеќе на Македонија, отколку на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ кога и да има избори ќе победи, но Македонија не смее да губи време. Со оваа власт се рушат основните темели на државата, има раководство кое е спремно да преговара за се, а корупцијата ни е како на Колумбија и Етиопија“. Ова синоќа го изјави Александар Николоски – потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа бараме предвремени избори да се сменат работите, а филозофијата на овие кои се на власт е да си крадат и да има катастрофа, ама надвор шминката да е добра. Но таа шминка не поминува затоа што ситуацијата е катастрофална.  Многу луѓе не можат основна егзистенција да обезбедат. Доволно е да се отиде во маркет и да се види што може да се купи со 1000 денари во споредба со порано, па да се видат цените на горивото, цената на маслото кое е скоро дупло поскапено, шеќерот и лебот кои се поскапени. Тоа е целосно поскапување кое се случува и луѓето со иста плата помалку можат да се дозволат.  Со оваа влада и енергетската криза само ќе се влоши и граѓаните ќе живеат уште потешко до наредната година“ – рече Николоски.

кај се движиме, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека работите се менуваат на подобро.  Ние излеговме со програма за секоја општина, партијата застана позади таа програма и имаме одговорност како се реализира истата, изјави Николоски.

Тој истакна дека „според извештајот за корупција и Македонија е рангирана по корупција со Косово, Колумбија Етиопија, Гвајана, Мароко, Суринам и Виетнам. Во едно вакво друштво кој нормален ќе ви даде почеток на преговори со ЕУ кога земјите членки се во првите 30 места. Најлошо рангирана е Бугарија, но и таа е далеку пред нас“.

„Нема функционален систем на владеење на право,  нема борба против корупција, државата економски не расте, ниту со странски инвестиции ниту се стимулираат домашните компании“ – рече Николоски.