Нејмар и Мбапе повеќе не се во плановите на ПСЖ

Фудбалерите на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, Нејмар и Марко Верати се изоставени од тимот за натпреварот против Лориен на стартот од новата сезона во Лига 1.

Мбапе не сакаше да го продолжи договорот со клубот, па следното лето ќе може да си замине од Паркот на принцовите како слободен играч.

Нејмар во петокот тренираше сам, а клубот соопшти дека бразилскиот фудбалер се опоравува од вирусот. Овој месец и Нејмар би можел да го напушти парискиот тим.

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, во петокот изјави дека одлуките за составот на тимот јасно ги изразуваат неговите ставови и се чини дека ниту Мбапе ниту Нејмар не се во неговите планови за оваа сезона.

На натпреварот од 21 часот во Париз, своето деби би можеле да го имаат Милан Скриниар, Марко Асенсио и Гонзало Рамос, додека Усман Дембеле, кој официјално пристигна од Барселона, се уште не е подготвен за настап.