На САД им се заканува банкрот

Голема е можноста САД да банкротира уште на први јуни.

Како што проценува американското министерство за финансии, тоа ќе се случи доколку Конгресот не го подигне плафонот на долгот, поради што претседателот Џо Бајден ја одложи посетата на Австралија, а аналитичарите стравуваат од рецесија и економска криза.

Вашингтон редовно поставува ограничувања за федералното задолжување.

Во моментов, ограничувањето е 31,4 трилиони долари, што е приближно 120 отсто од годишното економско производство на САД.