Најбогатата жена во Америка, Џулија Кох (61) беше забележана за време на празничниот викенд во Хемптонс на прославата на четврти јули организирана од наследничката на Вашингтон пост, Лели Вејмут.
Тоа е еден од ретките моменти што е забележана на некој настан откако практично се повлече од јавноста во 2019 година, пренесува „Pagesix“.
Имено, втората најбогата жена во светот според листата на Форбс, стана „невидлива“ за општествените кругови по смртта на нејзиниот сопруг, милијардерот од индустријата Кох, Дејвид, пред речиси четири години. Инаку, Кох индустри е втората по големина приватна компанија во Америка.
Тие се вклучени во производство, рафинирање и дистрибуција на нафта, хемикалии, енергија, влакна, полупроизводи и полимери, минерали, ѓубрива, целулоза и хартија, опрема за хемиска технологија, облак компјутери, финансии, трговија со суровини и инвестиции.
Кохова беше забележана и следната вечер на забавата на милијардерот Роберт Крафт, сопственик на американскиот фудбалски тим „Њу Ингланд Патриотс“.
Вредноста на Џулија се проценува на 58,2 милијарди долари. Денеска, инаку, како бомба одекна веста која ја објави „Волстрит журнал“ дека Кохова продал величествена куќа на Менхетен, Њујорк за вртоглави 41 милион долари. Како што пишуваат, таа не сака да живее во центарот на настаните, туку претпочита да го поминува времето сама и во одбрано друштво.
Во август 2020 година, Њујорк пост објави напис со наслов: „Џулија Кох, најбогатата жена во Њујорк, се претвори во осаменик во Хемптонс“, тврдејќи дека таа и нејзиното семејство не ја напуштиле својата палата од 18,8 милиони долари за време на пандемијата. Оттогаш се создаде слика дека тој внимателно избира на кои настани ќе присуствува.