Најавен и четврти концерт на Каролина, Дуке и Исмаил

По рекордно брзата распродажба на дури трите закажани концерти „Песни за љубов и копнеж“, со Каролина, Дуке и Исмаил, веќе е закажан и четврти, кој веројатно ќе биде и последен во низата концерти, за 25-ти декември.

Почетокот е закажан за 20 часот, во Македонската филхармонија.

Од Авалон Продукција најавија дека влезниците за четвртиот концерт ќе бидат пуштени во продажба од понеделник во 9 часот наутро онлајн на avalon.mk и во продажните мрежа низ Македонија.