Нафтата повторно поскапува на светскиот пазар – најдолг нагорен тренд на цените од почетокот на 2022 година

Цените на барели нафта на светскиот пазар пораснаа и минатата недела, што заедно со претходните седум недели е најдолгиот тренд на раст од почетокот на 2022 година, која трае речиси два месеци.

На лондонскиот пазар барел нафта од типот „брент“ поскапе во последните седум дена за 0,5 отсто и достигна 86,81 долари, а со истиот ценовен скок на американскиот пазар барелот се продаваше по 83,19 долари.

Последен пат цената на нафтата порасна седум последователни недели беше во периодот јануари-февруари 2022 година, во пресрет на почетокот на руската инвазија на Украина, се вели во извештаите на берзата.

Новиот скок на цените, иако поблаг од претходно, беше поттикнат од проценките на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), објавени во петокот, дека глобалната побарувачка за нафта во јули достигна рекордни 103 милиони барели дневно и дека може да достигне ново рекордно ниво во август.