Муцунски од Брисел: Не прифаќаме уставни измени под овие околности

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски денеска од Брисел изјави дека заедно со претседателот Мицкоски и со потпретседателот Николоски се во дводневна посета на европската престолнина на која ќе кажат дека не прифаќаат уставни промени во сегашните услови.

-Примарна цел е да ги потврдиме позициите на ВМРО-ДПМНЕ кои што се насочени кон заштита на националните интереси и гледањето на евроинтеграцискиот пат низ таа призма, неприфаќањето на уставни промени под овие околности и под бугарски диктат, и нашата оценка дека е потребно македонскиот евроинтеграциски пат да се гледа низ призмата на реалните европски критериуми, рече Муцунски во изјавата..

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ попладнево имаше средба со Симон Морду, главен советник за надворешни работи на претседателот на европскиот совет Шарл Мишел, а утре ќе има работен доручек со Ангелина Еикхорст – директор за Европа во службата за надворешни работи на ЕУ, како и средба со Манфред Вебер, претседател на ЕПП.