Муцунски во Доха: Продлабочување на политичката и економската соработка
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, во рамки на дводневната посета на Катар, оствари средба со катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани, на која беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералните односи.

На средбата беше оценето дека односите меѓу двете држави се на високо ниво, а посебен акцент беше ставен на интензивирањето на политичкиот дијалог, економската и инвестициската соработка како клучни области за идниот развој на партнерството.
Соговорниците разговараа и за актуелните регионални и глобални предизвици, при што внимание беше посветено на состојбите на Блискиот Исток, меѓународната безбедност и можностите за поактивна соработка во рамки на мултилатералните организации.
Во текот на посетата, Муцунски се сретна и со државниот министер за надворешни работи на Катар, Султан бин Саад Ал-Мураичи.
По разговорите беа потпишани три документи – Договор за укинување на визите за носителите на дипломатски, службени и специјални пасоши, Меморандум за воспоставување политички консултации и Меморандум за соработка во областа на дипломатската едукација.
Од Министерството оценуваат дека со потпишувањето на овие документи се создава дополнителна институционална рамка за зајакнување на политичките односи и продлабочување на соработката во областите од заемен интерес меѓу Македонија и Катар.