ММФ подготвува нови 1,6 милијарди долари за Киев

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека постигнал значителен напредок во разговорите со украинските власти за нов договор со кој ќе овозможи исплата на 1,6 милијарди долари финансиска помош за Киев.

Разговорите продолжуваат преку интернет, а конечниот договор зависи од обезбедувањето на потребните финансиски гаранции од меѓународните партнери, јавија американските медиуми.

ММФ соопшти дека работи со украинските власти и меѓународните партнери за обезбедување средства, земајќи ги предвид проценките дека војната може да трае подолго од првично очекуваното.

Според проценките на експертите на Фондот, Украина може да се соочи со финансиски дефицит од 32 до 34 милијарди долари во 2027 година, додека во 2028 година тој износ треба да биде околу 17 милијарди долари.