Млада Србинка убиена во Словенија

 

Убиена е 27 годишна србинка во Словенија, а како осомничен се смета нејзиниот 20 годишен партнер Лазар Т., словенец со српско потекло. Според извештаите од полицијата, тој ја претепал и задавил својата девојка Емилија М.Бруталното злосторство се случило во четвртокот, а било откриено дури во понеделникот. Соседите изјавиле дека слушнале звуци од станот и жена која вика: „Пушти ме“. Кога сакале да повикаат полиција, велат тие, звуците престанале и злосторството останало неоткриено следните денови.

Младиот убиец два дена спиел покрај својата мртва девојка, пишуваат словенечките медиуми.

И тој и убиената девојка ѝ биле претходно познати на полицијата, а и двајцата имале забрана за приближување до своите мајки. Тој имал пријава и за нарушување на јавниот ред и мир поради тепачка, а имал и проблеми со полицијата поради дрога.