Мицкоски: Реалната нето-плата е поголема за 5,2 отсто во однос на лани
Реалната нето-плата е за 5,2 отсто поголема од пред една година, резултатот е добар имајќи ја предвид економската состојбата во регионот и во светот, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Делчево.

„Во текот на вчерашниот ден Државниот завод за статистика објави податоци за септември за просечната нето-плата. Реалната нето-плата е за 5,2 отсто поголема од пред една година. Дали е тоа доволно? Јас би рекол дека не е. Дали треба уште? Треба. Но, имајќи ги предвид сите овие предизвици, ценам дека навистина резултатот е добар, би рекол многу добар“, рече Мицкоски.
Премиерот направи споредба со растот на платите во 2022 и во 2026 година.
„Реална нето-плата е кога од нето-платата ќе ја одземеме инфлацијата. Кога ќе се спореди септември 2022 тогаш таа била намалена за 5 отсто. Сега сме плус 5,2 отсто. Дали е тоа доволно, ќе речам повторно, не е. Дали треба повеќе? Треба. Но, имајќи ја предвид состојбата, ќе повторам, сето она што се случува и во регионот и во светот, јас сум многу задоволен од тоа во која насока се движат првичните индикатори“, нагласи Мицкоски.