Мицкоски одново бара ТВ дуел со Ковачевски: Човекот е кукавица, киднапиран домазет во својата влада

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја обнови поканата за телевизиски дуел со претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски за да се избегнеле недоумиците во јавноста испровоцирани од тезите на власта за тоа што прифатила односно не прифатила опозицијата поврзано со уставните измени.

Според Мицкоски Ковачевски е кукавица и човек кој е киднапиран во својата влада.

Стигна експресен одговор од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ да не бара тв дуели туку да се фати за работа и да делегира претставници во партиската работна група за уставните измени, бараат од владејачката партија.

Од Европската унија во континуитет повторуваат нов договор за преговарање од веќе постигнатата преговарачка рамка, нема да има или било каква одложена примена на уставните измени.