Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме со реформите

Во овие две години откако сум претседател на Владата пораките од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват беа најсилни, а тоа е дека процесот на проширување не е завршен.

Во овие две години откако сум претседател на Владата пораките од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват беа најсилни, а тоа е дека процесот на проширување не е завршен.

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц дадоа силен мотив да продолжиме во делот на реформите, да испорачуваме, врз основа на методот на заслуга, а не врз основа на билатерални прашања и тоа беше неколку пати потенцирано на самиот самит, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Во врска со „нон пејперот“ на Макрон и Мерц, Мицкоски посочи дека институциите во Брисел веќе добиле инструкции за операционализација на овој документ, што ќе овозможи поголемо користење на одредени алатки од страна на земјите од регионот и почести состаноци на високо ниво.

-Она што го слушав и од францускиот претседател и од германскиот канцелар, а и таму во работниот дел од Самитот, можев да заклучам дека документот што тие го имаат подготвено, „нон пејперот“, институциите во Брисел веќе добиле инструкции за негова операционализација и претставува значајно подигнување на нивото на односи помеѓу Западен Балкан и Европската Унија, односно, тој документ и таа реформа овозможуваат механизам со којшто ќе имаме, поголемо користење на одредени алатки од страна на земјите на Западен Балкан и тој никако не е во конфликт со проширувањето. Тоа се два паралелни процеси. Ова е еден процес, а проширувањето си останува како друг процес, нагласи Мицкоски.

Toj информира дека на самитот било договорено да има почести состаноци кои нема да бидат веќе на ниво на самити ЕУ Западен Балкан – два пати годишно, еднаш во јуни, еднаш во декември, туку најмалку два пати месечно.

-Тоа ќе значи дека ќе можете со луѓето кои што одлучуваат да разговарате и да креирате политики и да ја градите иднината заедно, така што во секој случај и францускиот претседател и германскиот канцелар дадоа силен мотив да продолжиме во делот на реформите, да испорачуваме, врз основа на методот на заслуга, а не врз основа на билатерални прашања и тоа беше неколку пати потенцирано на самиот самит. Така што јас се враќам од самитот навистина задоволен и инспириран да продолжиме сите во Владата да работиме уште попосветено и уште помотивирано за да можеме да ги користиме сите оние алатки кои што со овие нови механизми ќе ни бидат ставени на располагање, рече Мицкоски.