Мицкоски: Македонија многупати докажала дека луѓето од различна вера или етничка припадност си подале рака

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од лично име и од името на партијата на сите граѓани од исламската вероисповест им го честитa големиот муслимански празник Курбан Бајрам.

Мицкоски во честитката посака овие празнични денови да донесат среќа, мир, спокојство, хармонија и здравје.

„Празникот Курбан Бајрам е празник кој потсетува на хуманоста и солидарноста кои се основните човечки вредности. Да се помогне и да се подаде рака на оној на којшто му е потребна е израз на човечноста. Македонија многу пати досега докажала дека луѓето од различна вера или етничка припадност многу пати досега си подале рака и се подржувале во предизвиците со кои се соочувале“, се вели во честитката.

Се додава дека проблемите со кои се соочуваме ги делиме сите, па затоа смета дека само работа, сплотеност и заеднички труд можат да не исправат пред сите неправди и заедно да ги помине предизвици и премрежјата.

„Мораме напорно да работиме и да создаваме државата во која главна водилка ќе ни биде сплотеноста и толеранцијата и која ќе обезбеди иднина подеднакво за сите граѓани. Нека е честит големиот празник Курбан Бајрам!“, се додава во честитката.