Министерката за финансии најави измени за глобалниот минимален данок

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска е задоволна од наплатата на даноците. Како што рече денеска, по отчетот за сработеното во изминатите две години, јуни има сериозен раст на сите даночни приходи.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска е задоволна од наплатата на даноците. Како што рече денеска, по отчетот за сработеното во изминатите две години, јуни има сериозен раст на сите даночни приходи

Одговорајќи на новинарски прашања, Димитриеска-Кочоска најави и измени во однос на глобалниот минимален данок.

„Задоволна сум од тоа што е поставено како таргет кога станува збор за УЈП и Царинската управа. Во однос на глобалниот минимален данок – пријавувањето беше во тек, но имаме промени кои беа побарани од ОЕЦД и од сите земји што го имаат овој данок. Оваа одлука помина на Влада во вторникот. Ќе правиме измени – до крајот на годината ќе може да се поднесуваат пријавите зашто голем дел од компаниите имаа проблем со мајките компании и државите во кои се наоѓаат. Со таа законска измена, нема да има прекршочни одредби за неподнесување пријави и се планира централизиран систем – на светско ниво, сите компании, централизирано ќе ги поднесуваат пријавите. До 31 декември ќе треба да стигнат кај нас, а ако не стигнат, ќе треба да се преземаат конкретни мерки“, рече таа.