Меџити го формираше Демократското ввижење

Изет Меџити кој ја предводеше т.н огнена група во ДУИ ја официјализираше партијата. Демократско движење денеска го одржа основачкото собрание, а како што вели Меџити, партијата ќе делува опозициски.

Рече дека е подготвен да соработува со сите партии од опозицискиот албански блок, а за соработка со македонските партии, вели ќе ги почекал изборите. Ги повика да му се придружат сите кои се незадоволни од ДУИ.

Истакнувањето на знаме со голема Албанија при посетата на косовскиот премиер, за Меџити не е спорно. Го смета за редовен декор на сите настани со побројна публика, па направи и споредба дека такви карти користеле и македоците.. За него не е спорно ниту преименувањето на улица во Чаир.

Официјализирањето на партијата на Меџити се поклопува со годишнината од потпишувањето на рамковниот договор. Отцепувањето од ДУИ доаѓа по неколкумесечо недоразбирање кое тој го имаше со ДУИ, а најголемо незадоволство покажуваше кон вицепремиерот Артан Груби. Заминувањето на Меџити од Демократската унија, влијаеше и врз распоредот на силите во собранието. Нему се придружи и Мерита Коџаџику кои делуваа како независни пратеници, а со формирањето на нивното демократско движење, стануваат парламентарна партија.